За нас


Во согласност со член 46 од Законот за задолжителни нафтени резерви („Службен весник на Република Македонија“ бр. 144/14, 178/14, 199/15, 197/17 и 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 150/21, 236/22 и 147/24 – во натамошниот текст: ЗЗНР), постоечката Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати која беше основана согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/08, 35/11, 84/12, 43/14 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19), со денот на отпочнување со примената на ЗЗНР на 01 јануари 2021 година, продолжи да работи како Македонска агенција за задолжителни нафтени резерви, односно од 13 јули 2021 година како Агенција за задолжителни нафтени резерви (во понатамошниот текст: МАКОРА).

Со донесувањето на ЗЗНР во 2014 година е извршено усогласување на домашното законодавство со директивите од европското законодавство од областа на нафтените резерви, односно во овој закон се транспонирани одредбите од  Директива  2009/119/ЕУ на Советот од 14 септември 2009 година, за наметнување на обврска на земјите-членки да чуваат минимум резерви на сурова нафта и/или нафтени производи и одредбите од Директивата  за спроведување (ЕУ) 2018/1581 на Комисијата од 19 октомври 2018 година  за изменување на Директивата 2009/119/ЕЗ на Советот за методите за пресметување  на обврските за чување резерви.

Согласно ЗЗНР, МАКОРА е самостојно, независно и непрофитно правно лице кое извршува работи од јавен интерес и е централно тело за чување на задолжителни резерви, единствено овластена за формирање, одржување, чување и продажба на задолжителните резерви на Република Северна Македонија.

ОБВРСКА ЗА ЧУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ РЕЗЕРВИ

Работењето на МАКОРА се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност за работењето. За својата работа МАКОРА одговара пред Владата на Република Северна Македонија.

Задолжителните резерви се формираат и чуваат со цел да се обезбеди непречено снабдување на пазарот со сурова нафта и/или нафтени деривати во случај на нарушена енергетска сигурност предизвикана од вонредно пореметување и значителен и ненадеен пад во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати, според одредбите на ЗЗНР и подзаконските акти кои од него произлегуваат. Вонредното пореметување на снабдувањето може да биде предизвикано со нарушување на регионалниот пазар на сурова нафта и нафтени деривати и/или од причини и услови на чие настанување неможе да се влијае, a се случиле на територијата на Република Северна Македонија и/или во земјите преку кои се врши увоз на сурова нафта и нафтени деривати за потребите на пазарот во Република Северна Македонија.

Задолжителните резерви се користат:

  • во случај на нарушување и пореметување во снабдувањето со нафтени деривати кое може да биде предизвикано на пазарот во Република Северна Македонија,
  • и заради исполнување на меѓународните обврски на Република Северна Македонија.

Формирање на задолжителни резерви

Согласно закон задолжителните резерви се формираат постепено, со цел да се обезбеди вкупните задолжителни резерви кои се чуваат во секое време во Република Северна Македонија да одговараат на најмалку 90 дена од дневните просечни нето увози или на 61 ден од просечната дневна домашна потрошувачка, во претходната календарска година, во зависност од тоа која од двете наведени количини е поголема.

Структура на задолжителните резерви

Задолжителните резерви кои се чуваат во форма на готови производи се составени од еден или повеќе видови на нафтени деривати класифицирани во следниве категории:

  • лесни дестилати или лесни нафтени деривати (течни нафтени гасови ТНГ-бутан, пропан и смеса од бутан и пропан, сите видови моторни бензини и авиобензини),
  • средни дестилати или средни нафтени деривати (сите видови дизел за автомобили, гасно масло или Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и керозин) и
  • тешки дестилати или тешки нафтени деривати (сите видови мазут) и друго (битумен и нафтен кокс).

Надлежности

Основни надлежности на МАКОРА  се:

 

  • формирање, чување, обновување и управување со задолжителните резерви на Република Северна Македонија;
  • купување и продажба на сурова нафта и/или нафтени деривати со цел формирање и обновување на задолжителните резерви;
  • склучување на тикети и договори врзани за други финансиски инструменти за формирање на задолжителни резерви и ограничување на пазарните и ценовни ризици во текот на формирањето и одржувањето на задолжителните резерви;
  • пресметување на нивото на залихи на задолжителните резерви врз основа на податоци од референтната година;
  • водење на евиденција за нивото, видот и територијалната разместеност на задолжителните резерви;
  • изготвување и водење на Регистри на задолжителните и посебните резерви;
  • осигурување на залихите на задолжителни резерви од ризици;
  • предлагање начин за утврдување, пресметување, висина и уплатување на надоместокот за задолжителни резерви, како и содржината, начинот и роковите за достава на податоци за пласманот на нафтени деривати на домашниот пазар;
  • прибирање на надоместокот за задолжителни резерви;
  • водење на евиденција за висината на уплатата на надоместокот за задолжителни резерви;
  • грижа за наменско трошење на финансиските средства за работењето на МАКОРА;
  • предлагање начин на утврдување, пресметување, висината и надоместувањето на трошокот за чување и евапорација на нафта и нафтени деривати од задолжителните резерви
  • следење на расположивоста на складишни капацитети за складирање на задолжителни резерви;
  • изградба, обновување, реконструкција и одржување на нови и/или постоечки складишни капацитети;
  • склучување на договори за складирање и чување на задолжителните резерви и нивно евидентирање;
  • предлагање начин за користење, физичка достапност и расположивост на задолжителните резерви во случај на нарушување на енергетската сигурност на државата предизвикана од пореметувања во снабдувањето од поголеми размери;
  • пуштање на задолжителни резерви во промет во случај на настанување на поголеми нарушувања на снабдувањето на пазарот, согласно ЗЗНР;
  • надзор и управување со задолжителните резерви кои се складирани на територијата на Република Северна Македонија или на територија на друга држава, согласно ЗЗНР;
  • надзор над спроведувањето на одребите на ЗЗНР;
  • соработка со надлежните државни органи и институции и стопански субјекти во Република Северна Македонија како и соработка со меѓународни институции;
  • редовно следење на домашниот и меѓународен пазар на сурова нафта и нафтени деривати;
  • води евиденција на уплатата на надоместокот за задолжителни нафтени резерви и
  • врши и други работи во согласност со ЗЗНР, прописите донесени врз основа на него, меѓународните договори од областа на безбедноста во снабдувањето ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија и со Статутот на МАКОРА.
Управување и раководење

Со работата на МАКОРА раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за енергетика, рударство и минерални суровини.

В.Д.Директор на МАКОРА е: Неџмедин Садики.

Органограм

НА ВНАТРЕШНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА 

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ НАФТЕНИ РЕЗЕРВИ

(МАКОРА)

ЛИСТА НА ВРАБОТЕНИ
Име и презиме Звање e-mail
Неџмедин Садики Директор nexhmedin.sadiki@dcor.gov.mk
Фљорије Шаини Раководител на одделение за поддршка на директорот florije.shaini@dcor.gov.mk
Аднан Мемиши Советник – ассистент на директор adnan.memishi@dcor.gov.mk
Рамадан Адеми Помлад соработник за преведување од македонски на албански јазик и обратно ramadan.ademi@dcor.gov.mk
Бранкица Митковска Работник на приемен пулт (пријавница) /
Весна Крстиќ Раководител на сектор за правни и општи работи и јавни набавки vesna.krstic@dcor.gov.mk
Катерина Царчева -Тодорова Раководител на одделение за правни работи и јавни набавки k.carcevatodorova@dcor.gov.mk
Снежана Кртева Раководител на одделение за општи и административни работи snezana.krteva@dcor.gov.mk
Анета Гакевска – Михајлоска Советник за архивско работење aneta.gakevska@dcor.gov.mk
Фатмир Зимбери Советник за правни работи и јавни набавки fatmir.zimberi@dcor.gov.mk
Нериман Имери Виш соработник за архивско работење – архивар neriman.imeri@dcor.gov.mk
/ Лице во кујна I ниво /
Екрем Демири Курир /
/ Раководител на Сектор за финаниски прашањa /
/ Виш соработник за сметководство и плаќања /
/ Раководител на сектор за комерција, развој, контрола и статистика /
Арбен Етеми Раководител на одделение за контрола на задолжителни резерви arben.etemi@dcor.gov.mk
Шејзан Абдулаи Виш соработник за контрола и евиденција на уплата на надоместок на задолжителни резерви shejzan.abdullai@dcor.gov.mk
Михане Ајредини Мемиши Виш соработник за статистика и развој mihane.ajredini@dcor.gov.mk
Ѓоко Крстевски Возач gjoko.krstevski@dcor.gov.mk