Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт

Во врска со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, која стапува во сила од 28.07.2026 година, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви ја информира јавноста дека државата располага со доволни количини на задолжителни нафтени резерви и дека снабдувањето со нафтени деривати е стабилно.

 

 

Зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари, како и на движењата на девизниот курс, врз основа на што Регулаторната комисија за енергетика ја донесе најновата одлука за утврдување  на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.

 

Агенцијата напоменува дека не учествува во утврдувањето на цените на нафтените деривати и нема надлежност да влијае врз нивното формирање. Нејзината основна законска функција е да обезбеди и управува со задолжителните нафтени резерви на државата, со цел гарантирање на сигурноста во снабдувањето во услови на евентуални нарушувања на пазарот.

 

Во моментов, Агенцијата располага со доволни количини од сите видови задолжителни нафтени резерви, кои овозможуваат навремена реакција во случај на сериозни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со тоа, државата е подготвена да одговори на предизвиците што произлегуваат од нестабилноста на светските енергетски пазари и да ја зачува енергетската сигурност на граѓаните и стопанството.

 

Агенцијата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот пазар и во рамките на своите законски надлежности ќе продолжи да обезбедува сигурност и континуитет во функционирањето на системот на задолжителни нафтени резерви.

 

Со почит,

Агенција за задолжителни нафтени резерви

Скопје, 28 јули 2026 година

Честит 8 Март на сите жени! – в.д. Директор Nexhmedin Sadiki

На овој посебен ден за сите жени во нашите животи, во нашата околина и во општеството, имав задоволство да разговарам со жените кои се моторот на процесите и работата во нашата Агенција. Беше една од оние средби кои секогаш ме прават горд кога ја имам пред себе зачудувачката сила што ја поседува жената која е столбот на семејството, на општеството и на државата. Им посакав добро здравје, хармонија во семејствата, благосостојба како предуслов за напредок и успех на професионален план!

Честит 8 Март на сите жени! 🌹

в.д. Директор Nexhmedin Sadiki