Финансирање


Обезбедувањето на финансиските средства за формирање, чување и обновување на задолжителните нафтени резерви, како и за активностите и работата на МАКОРА е регулирано во Глава V – Финансирање, во членовите 31 – 33 од Законот за задолжителни нафтени резерви.

Надоместокот за задолжителни нафтени резерви кој е уреден со закон и со Уредбата за начинот за утврдување, пресметување, висината и уплатување на надоместокот за МАКОРА што се плаќа при увоз и/или при производство на нафтени деривати („Службен весник на Република Македонија“ бр. 138/09, 52/11 и 51/14), се уплаќа на:

  • Трезорската сметка на МАКОРА: 0900761441 787 18
  • уплатна сметка: 840 – 182 – 07085
  • приходно конто: 718143
  • програма 20
  • депонент на Народна банка на Република Северна Македонија.