„Почитувани,
Ве известуваме дека сметано од 05.12.2024 година, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви се пресели во нови административно-деловни простории, лоцирани на ул. Македонија бб, во зградата на новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.
Согласно горенаведеното, новата адреса за коресподенција со Агенцијата е ул. Македонија бб– 1000 Скопје (зграда на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини).
Доколку имате потреба да реализирате посета на институцијата или да организирате достава на документи директно во нашата архива, ве известуваме дека главниот влез на зградата е спроти старата железничка станица (сега Музеј на Град Скопје), а Агенцијата е сместена на вториот спрат.
Со почит,
Агенција за задолжителни нафтени резерви – МАКОРА“