За нас (Index)



Во согласност со член 46 од Законот за задолжителни нафтени резерви („Службен весник на Република Македонија“ бр. 144/14, 178/14, 199/15, 197/17 и 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 150/21 – во натамошниот текст: ЗЗНР), постоечката Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати која беше основана согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/08, 35/11, 84/12, 43/14 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19), со денот на отпочнување со примената на ЗЗНР на 01 јануари 2021 година, продолжи да работи како Македонска агенција за задолжителни нафтени резерви, односно од 13 јули 2021 година како Агенција за задолжителни нафтени резерви (во понатамошниот текст: МАКОРА).

Задолжителните нафтени резерви се формираат со цел во Република Северна Македонија  да се обезбеди високо ниво на сигурност и безбедност во снабдувањето со сурова нафта и/или нафтени деривати, односно за обезбедување на услови за интервентно снабдување на пазарот со нафта и нафтени деривати, во случај на нарушување на енергетската сигурност на државата предизвикана од пореметувања во снабдувањето со нафтени деривати од поголеми размери.