Политиката за приватност


Изјава за приватност

МАКОРА ги третира личните податоци коишто ги добива преку својата веб-страница со должно внимание и ги обработува целосно во рамките на Законот за заштита на личните податоци и подзаконската регулатива. На веб-страницата на МАКОРА се објавуваат фотографии само со согласност од субјектот на личните податоци. Оваа изјава за приватност е со цел да Ве информира за видот на информациите коишто МАКОРА ги прибира преку својата веб-страница и за што се користат овие информации.

Податоци за посетителите

Веб-серверот на МАКОРА ги меморира информациите за сесијата како што се: времетраењето на Вашата посета, страниците на кои пристапувате, видот на прелистувачот што го користите, ИП-адресата од која пристапувате и сл. Од овие информации од сесијата не се открива идентитетот на поединецот и се чуваат и се користат само со цел да се произведат статистички извештаи коишто ќе ѝовозможат на МАКОРА да ја подобри својата веб-страница.

 

Колачиња (Cookies)

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер.
Колачињата не зачувуваат какви било лични податоци, како што се Вашето име или адреса.
Можете да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата или да Ве предупреди секогаш кога колачињата ќе се пратат. Доколку ја одберете таа можност, одредени делови од веб-страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб-страница, се сложувате со одредбите од Политиката за приватност на МАКОРА. Доколку не се сложувате, Ве молиме не користете ја веб-страницата на МАКОРА.